Македонските репрезентативци на неколку часа пред клучниот меч против Австрија излегоја пред медиумите со свои најави и очекувања за последниот меч од групната фаза на ЕП.

Еден од нив беше и еден од предводниците на оваа селекција Столе Стоилов, според кого ако се исправат некои детали во играта не се сомнева во победа над домаќините.

Натпревар да се биде или не за, сè зависи од нас. Ако победиме со 2 два разлика ќе пренесеме бодови, што е многу важно. Ова е натпревар на којшто ќе видиме кои сме и што сме. Треба да поправиме некои ситници од натпреварот со Чешка, кој според мене воопшто не беше лош“-истакна Стоилов.

Според Столе најголема предност на Австрија е домашниот терен.

„Освен тоа што се домаќини друго ништо не ме плаши. Шутери се, играат со тие двајца играчи, добри крила имаат. Е сега, може да не им влезат шутевите и да биде добро за нас. Се надевам дека ќе ги анулираме, знаеме против кого играме, знаеме кои се нивните плусови и минуси.“, изјави Столе.

Натпреварот меѓу Австрија и Македонија се игра од 18:15 во арената „Виенер Штадхале“  во Виена.