Вардар вечерва го очекува натпревар од Лигата на шампионите на ЕХФ, втор сезонава,  а прв со домашна публика, гостува Мешков Брест од 20-45 часот.

Стојанче Стоилов е оптимист дека Вардар има тим за победа, со публика е секако подобро да се игра, со поддршка од трибините, најавува добар резултат.

„ Нѐ чекаат три натпревари во серија, но први и  важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се случувало и порано, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката“ – изјави Стоилов.

Составот на Вардар за дуелот со Мешков: