Нема одмор за ракометарите на Вардар, веќе в среда ги очекува тежок натпревар со Мотор Запорожје, средба од СЕХА конкуренцијата.

Капитенот Стојанче Стоилов и покрај силниот ритам на натпревари е оптимист дека екипата може да го издржи товарот ида запише нова победа.

„Мотор е квалитетна екипа. Мислам дека ќе биде максимално тешко на средбата в среда. Играчите се изморени после многу тешки натпревари одиграни во досегашниот дел од сезоната. Покрај тоа и во саботата имавме тежок натпревар против екипата на Келце. Многу играчи го носат товар цела сезона и мислам дека сега може да се калкулира и тие да се одморат. Одиме на победа играме дома и тоа е секако наша шанса за да дојдеме до победа”, изјави капитенот Стојанче Стоилов.

Средбата меѓу Вардар и Мотор е закжана за во среда во 20,15 часот во СЦ „Јане Сaндански”.
Билетите за истиот се веќе во продажба преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.