РК Вардар во сабота против Мотор Запорожје го игра петпоследниот домашен натпревар од Лигата на шампиони. Ситуацијата во Европскиот првак е далеку од идеална, откако вчера тимот од Скопје го напуштија Криштопанс и Атман.

Капитенот Стојанче Стоилов, на прес-конференцијата  зборуваше за ситуацијата во клубот.

„Нè очекува тежок натпревар, зашто се наоѓаме во тешка ситуација. Си замина важен играч, да бидеме реални, Вардар не е иста екипа со и без него. Треба да излеземе на терен и да видиме каква ни е главата. Ова не е ново со проблемите, веќе долго време се влече.Тешко е да, се надевам пред полна сала и мотивирани, ќе одиграме добар меч“-изјави Стоилов

Стоилов изјави дека тој засега останува и во оваа ситуација во Вардар.

„Јас ќе останам сигурно, но многу работи има што не ги знаеме ние, што се важни за иднината на клубот. Треба да се седне и да се разговара. Многу работи висат, да бидеме реални неизвесно е и во македонското првенство, за титулата. Ќе видиме“– заклучи капитенот.

Мечот се меѓу Вардар и Мотор Запорожје се игра во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почетокок од 17:30 минути.