Вардар го пречекува Монпелје, тоа  е екипата со која ќе го заврши настапот во групната фаза во Лигата на шампионите, потоа европскиот и македонски првак се насочува кон Топ-16 фазата.

Монпелје е двоен европски првак исто како и Вардар, само францускиот тим успе да ја прекине „црвено-црната” доминација, тие беа прваци во 2018 година, во годината меѓу двете титули на нашиот шампион.

Стојанче Стоилов смета дека Монпелје е фаворит на средбата во Скопје.

„Ситуацијата е таква каква што е. Играме дома против Монпелје кој е апсолутен фаворит на средбата. Наше е дадеме сè од себе на терен и да се обидеме да извлечеме колку е можно подобар резултат и да ги изненадиме”, вели Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар.

Вардар има проблеми со играчкиот кадар, Горбок и Калараш имат настинка и не одработеа некои тренинзи, сепак се очекува да бидат во тимот .

Средбата во СЦ „Јане Сандански”  се игра од  17-30 часот.