Еден од најискусните наши играчи на Мундијалот во Египет, Стојанче Стоилов, во изјава за ИХФ ТВ, вели дека првите два меча на македонската репрезентација биле катастрофални, сега е полесно, пласманот во втората рунда е успех за сите.

Стоилов смета дека е вистиснко задоволство што сме во главната рунда, особено што по првите два меча работите изгледаа многу непријатно.

„Одигравме катастрофално во првите два меча, но задоволство е што сме во втората рунда и што и понатаму ќе бидеме дел од Мундијалот со цел да ја претставуваме нашата држава. Ова првенство е чудно, не дојдовме подготвени, но од меч во меч ќе играме подобро. Жалам само што не сме подобро подготвени за ова СП, кое е навистина голема работа во Македонија“ –  изјави Стоилов.