Вардар го очекува натпревар од Лигата на шампионите на ЕХФ, втор сезонава,  а прв со домашна публика, гостува Мешков Брест  во среда од 20-45 часот.

Стојанче Стоилов е оптимист дека Вардар има тим за победа, со публика е секако подобро да се игра, со поддршка од трибините, најавува добар резултат.

„Играме против Мешков, во првото коло одигравме чуден меч што можевме да го добиеме и да го загубиме, а реми можеби беше најреално. Нѐ чекаат три натпревари во серија, но први и  важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се случувало и порано, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката“ – изјави Стоилов.