Македонскиот ракометен репрезентативец и капитен на европскиот машки шампион Вардар Стојанче Стоилов нема да игра на Супер Глоуб во Саудиска Арабија, но се очекува да биде подготвен за стартот на ракометната Лига на шампиони.

Стоилов направи операција пред крајот на квалификациите за ЕП 2020, а причина беа болки во коленото поради менискусот.

Истата сега е минато, процесот на рехабилитација се движи според планираното, па се очекува Стоилов тој да биде подготвен за стартот на ЛШ.

„Планот на рехабилитација тече според планираното. Се очекува да бидам спремен за стартот на сезоната во Лигата на шампионите и првиот натпревар што ни следи“, изјави Стоилов.