Одредени играчи играчи не можат да сфатат за каков клуб играат, тоа е пораката која ја испрати капитенот Стојанче Стоилов по мечот со Мешков Брест. Тој упати честитки до гостите и говореше за проблемите кои Вардар ги има подолг период.

„Сакав да го анализирам натпреварот, но тренерот на Мешков Брест ме потсети што не е во ред со нашиот тим. Дури и тренерот даде признание дека Вардар како клуб е специјален клуб и начинот на кој треба да се игра за таков клуб е специјален. Мислам дека некои играчи не сфаќаат колку голем и посебен е овој клуб или заборавиле и мислам дека го земаат здраво за готово тоа што играат за овој клуб. Е тоа е нашиот најголем проблем. Толку, не сакам да додадам ништо“, рече Стоилов.

Вардар групната фаза ја затвори со пораз од 36:32 од Мешков Брест и за противник во осминафиналето ќе го има унгарски Везпрем.