Извршниот директор на европскиот шампион Вардар  Давор Стојаноски, по ждребката изјави дека групата е добра за Вардар.

„Ова е добра група. Нема да ги потцнеиме противниците. Сакаме добри натпревари оваа сезона и се надевам дека пак ќе бидеме на врвот, на првото место, но ќе видиме. Веруваме во нашиот тим, ќе се бориме за секој поен, на секој натпревар. Секој натпревар е многу важен за нас. Пред оваа сезона променивме играчи, но и минатата така беше.“

„Концентрирани сме да создадеме тим со добри играчи. За две недели ќе го завршиме тимот. Секако, амбициите на Вардар пак се да го кренеме трофејот во ЛШ“, изјави Стојаноски.

Вардар ќе се обиде да дојде до својата трета титула во историјата, по ланската и онаа во сезоната 2016/17. Воедно, Вардар има три учества по ред на завршниот турнир во Келн во ЛШ.