Со нов тренер и со седум нови засилувања екипата од „Автокоманда“ утре ќе ги започне подготовките за новата сезона.  Дамир Стојановиќ ќе има доволно време за да го наметне својот начин наработа во тимот кој оваа година нема да го гледаме во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.

Нови засилувања на Металург се: Лука Вујовиќ (Ловќен), Милан Поповиќ (Пелистер), Реваз Чантурија (Струга), Маријан Мариќ (Зрински), Даниел Ѓорѓески (Пелистер), Иракли Кбилашвили (Одеса) и Дејан Пецаковски (Е.Работник).

Металург ова лето го напуштија: Томовски (Лудвигсхафен), Даниловски (Охрид), Маџовски (Е.Работник), Димитриоски (Вардар), Шпенде (Загреб), Пучник (Еш), Токиќ (Ајзенах), Миличевиќ (Марибор) и Велковски (Е.Работник).

„Неколку дена пред и после Илинден, Металург ќе тренира во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6 до 12 август ќе ги работи висинските и базичните подготовки. Во текот на подготовките Металург ќе учествува и на два турнири. Најпрво ќе биде дел од турнирот на Чеховски Медведи, од 15 до 19 август, а потоа ќе настапи и во Кањижа, од 22 до 25 август. Последната етапа од подготовките Металург ќе ја одработи во Автокоманда.“ – соопштија од РК Металург и најавија дека можно е да има дополнително засилување на екипата на Стојановиќ.

Први сериозен предизвик на стартот од сезоната за Металург е дуелот со Вардар во Суперкупот. Во ЕХФ Купот „металурзите“ ќе го дознаат на 15 октомври а на почетокот од септември ги очекува воведното коло од Суперлигата.