Струга запиша важна победа за пласман во плеј-фот во Суперлигата, го победи Голден Арт КЛ7 со 28-23 во Скопје.

Со овие три бода Струга е на третото место ви групата А во Суперлигата, најефикасни во составот  на победничката екипа беа Рајатовски со осум гола, Лакичевиќ и Илиевски зад своето име запишаа по шест гола, голманот Јовановски со 14 интервенции одлично го чуваше голот на стружани.

Во сотавот на КЛ7 се истакна Ѓорговски кој запиша  шест гола на натпреварот.