Иронија на судбината е денешната полуфинална средба меѓу Хрватска и Норвешка, која аполутно во се потсеќа на полуфиналето на СП во 2017, кога играа истите две репрезентации,ама исходот беше дијаметрално спротивен.

Тогаш во последните секунди од регуларниот дел седмерец шутираше Златко Хорват, но го одбрани Бергеруд, па средбата отиде во продолженија кои завршија со пораз на Хрватска.

Овој пат два пенали одбрани Матеја Ашанин, а во продолженијата славеа Хрватите.

Сега се квит.