Ракометарите на Вардар како шампиони на Европа по втор пат ќе играат на „Супер Глоуб“, ова е неофицијално светско клупско првенство во ракомет. Турнирот ќе се одржи од 27 до 31 август во Саудиска Арабија.

На турнирот ќе учествуваат Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принципот на елиминација.

Вардар ќе игра директно во четвртфиналето и таму за прв противник ќе го има побендикот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. Со оглед на тоа дека „црвено-црните” се фаворити се очекува да се пласираат во полуфиналето. Таму веројатно ривал би бил Кил од Германија кој на турнирот доаѓа со специјална покана.

Вардар пред две сезони исто така играше на „Супер Глоуб“ и го освои третото место. Тогаш во полуфиналето загуби од  Барселона.