Најавени се промени во ракометната Суперлига за сезоната 2020/21. На денешниот состанок на суперлигашите, новата Суперлига, ќе започне со помал број на клубови, но со учество на двата СЕХА-претставници уште од првото коло на регуларниот дел на шампионатот.

Предлогот на мнозинството клубови бара намалување на бројот на екипи во Суперлигата, па веројатно наместо 12, нашата елитна категорија ќе брои десет клуба.

.
По новиот систем на натпреварување Вардар и Еурофарм (двете екипи кои годината изборија СЕХА лига) би се вратиле да играат уште од септември во Суперлигата, бидејќи во регионалната лига ќе одиграат само пет натпревари до зимската пауза, а не двојно повеќе како досега. Така, нивните гостувања низ земјата секаде ќе донесат поголем интерес, поголема посета на ракометните натпревари.