На нешто повеќе од еден месец до Европското првенство, репрезентацијата на Словенија остана без селектор, по отказот на Веселин Вујовиќ. Најмногу споменувани за негова замена се Талант Душебаев, Урош Зорман, Бранко Тамше, Хуан Карлос Пастор и Алфред Гисласон.

Душембаев за словенечките медиуми ги демантираше гласините за негов ангажман на клупата на оваа репрезентација.

„Од досегашното мое искуство заклучив дека е невозможно да се води и клуб и репрезентација во исто време. Да работам во Полска, а да бидам селектор на Словенија би било многу многу тешко за мене. Сите велат дека сум во контакт со федерацијата но тоа не е точно. Според мене Зорман е тој кој што би можел да ја преземе Словенија, тој е подготвен за тоа.  Досега има акумулирано доволно искуство за да биде успешен тренер на репрезентацијата на Словенија и да има убава иднина“, изјави Душебаев.