Филип Талески го смени дресот на РНЛ со оној на Балинген, клуб кој се врати во најсилната ракометна конкуренција на Германија.

Македонскиот репрезентативец за медиумите во Германија изјавил дека очекува во новиот клуб да има голема минутажа.

„Со нетрпение го очекувам првиот настап за новиот клуб. Го одбрав Балинген за да играм повеќе. Разговарав со Владан Липовина пред да дојдам овде, слушнав само убави работи, имаме одличен тренер  и добар тим“ – изјавил Талески.

Талески настапуваше за Металург од каде замина кај РНЛ во 2017 година.