Македонскиот репрезентативец, Филип Талески откако го продолжи договорот со Вардар 1961 за уште една сезона, отворено проговори за навредите кои ги добива на социјалните мрежи во последно време.

Свесен сум дека сум најомразен ракометар меѓу народот. На моите интервјуа и на моите статии има најмногу омразени коментари. Никој не им забранува на луѓето на коментираат, но на секој треба да му се забрани директно во пораки да им се обраќа на спортистите. Според мене тоа е недопустливо, секој може да коментира и затоа ги има тие омразени коментари.“ – изјави Талески за ТВ магазинот „Бекстејџ“.

Публиката на социјалните мрежи честопати знае директно да ги нападне нашите спортисти, кои пак на тоа најчесто реагираат со подобрување на формата на спортските терени.