Официјалниот сајт на Норвешката ракометна федерација соопшти дека веќе не може да смета на десниот бек Магнус Ред.

Ред на средбата со Шведска го повреди стопалото, а магнетната резонанца покажа мала скршеница на коската на стопалото.

Се очекува дека ракометарот на Фленсбург ќе се врати во игра за околу еден месец.