Рускиот репрезентативец од редовите на Вардар 1961, Тимур Дибиров нема да го менува клубот ова лето.

Левото легендарни крило се согласило на усповите кои му ги понудил двократниот првак на Европа, и наскоро ќе потпише нов едногодишен договор.

Дибиров е во Скопје од 2013 година, по што прерасна во легенда на клубот кој по малите турбуленции, повторно фаќа ритам во правецот посакуван од навивачите.

Претходно нов договор со црвено-црните попишаа и Филип Талески, а потврдени се ангажманите на Дарко Ѓукиќ, Мартин Томовски, Јан Чувара, Анте Кудуз и Едуардо Гурбиндо.