Тинекс Пролет  лесно стигна  до победа над тимот на Вардар Јуниор со убелдив резултат 37-21.

Пласманот во плејофот Тикес Пролет  веќе го осигура од претходно,  на вечерашниот натпревар покажа супериорност, одиграа одличен натпревар, уште во првото полувреме  ја најавија победата.

Вардар Јуниор  успеваше да одржи неизвесност само во првите десетина минути, се до 7-6, за Тинекс Пролет кој во продолжението постигна пет гола во серија и веќе во 18. минута да има двојно повеќе погодоци од противникот.

Џонов со десет гола беше најефикасен, седум постигна Мартин Поповски, а пет пати прецизен беше Филип Василевски.