Мартин Поповски е најнов ракометар во таборот на Тинекс Пролет, откако македонскиот репрезентативец потпиша договор со македонскиот суперлигаш.

Поповски, кој е двократен европски првак со Вардар, во изминатиот период тренираше со Тинекс Пролет и остави одличен впечаток и кај стручниот штаб и кај соиграчите, по што експресно беше постигнат договор за соработка во наредната сезона.

Поповски беше трета опција во тимот на Вардар во последните години, зад Чупиќ и Шишкарев, но често шанса во СЕХА-лигата и се покажуваше во добро светло во црвено-црниот дрес. Нема сомнеж дека одличното десно крило, кое добро се снаоѓа и на бековската позиција, ќе му биде од огромна помош на Тинекс Пролет во битката за висок пласман во новата сезона.

Поповски ќе биде во комбинација уште на премиерниот натпревар од новата сезона, на кој Тинекс Пролет ќе го дочека Охрид.