Авантурата на бразилскиот репрезентативец, Жозе Толедо во Вардар завршува  по само една година. Тој беше претставен како големо засилување на десната бековска позиција за оваа сезона, но најголем дел од истата беше во „аут“ поради повреда.

Толедо нема намера да остане во Скопје и според информациите се сели во Романија во таборот на третопласираниот тим на оваа земја Баја Маре.

Бразилецот на ваков потег се одлучи, поради неговата девојка Лаура Араухо која исто тка настапува за женскиот тим на  Баја Маре.