Без Никола Митревски кој требаше да биде прва опција на голот на Македонија на ЕУРО 2022, нашите ракометари добија сериозна поддршка во Никола Митревски, кој беше одличен против Словенија.

Еден ден по поразот од словенците, Томовски е уверен дека има доволно време за подправање на грешките и на подигнување на формата пред утрешното соочување со Црна Гора.

„Изгубивме од Словенија, но во нашата игра имаше многу позитивни работи. Одбраната ни беше на повисоко ниво, но мало невнимание скапо нѐ чинеше. За добриот настап ми помогнаа многу соиграчите, но и добрата анализа пред натпреварот. Денеска е нов ден и ќе се погрижиме да ги поправиме нашите грешки и недостатоци. И ќе дадеме сè од себе за да се радуваме на позитивен резултат против Црна Гора.“ – изјави Томовски.