Голманот на Вардар, Мартин Томовски призна дека сите грешки кои ги направија против Кил беа казнети.

Кил победи на домашен терен со 32:30, црвено-црните се обидоа но немаа сили за пресврт против фаворитот.

„Одигравме еден многу тежок натпревар, можеби Кил не одигра перфектно но сите наши грешки ги казни. Мора да се фокусираме на тоа што ќе го играме во иднина и да одиме понатаму.“ – вели вардаровкиот голман Томовски.