Голманот Мартин Томовски имаше 11 одбрани во победата на Вардар против Мешков, беше еден од најдобрите играчи.

Вардар ја запиша првата победа во Лигата на шампионите, совладан Мешков Брест со 35-27, на полувреме црвено-црните водеа со 19-13.

 

„Отворивме одлично и  ја контролиравме разликата. Но,  имавме и падови, ние сме една нова екипа и допрва ќе стануваме се подобри и подобри. Голема благодарност и до публиката за поддршката, тие беа нашиот ветер во грбот до оваа победа со Мешков Брест“ – изјави Томовски.