Мартин Томовски смета дека Словенија стигнала до победата против Македонија поради многубројните технички грешки на нашиот тим, противникот не казни, но разликата е преголема и не е реална.

„Словенија беше подобар противник, добро тргнавме во првото полувреме, но во второто полувреме направивме многу технички грешки, противникот не казнуваше, и како што кажа селекторот, разликата е голема и нереално превисока, ќе дадеме се на следните натпревари и ќе се обидеме да ги изненадиме Русија и Белорусија“ – изјави голманот Томовски.