Цената на поразот од Тинекс Пролет ја плати тренерот на Металург Оливер Димитриоски.

Како што информираат од клубот од Автокоманда токму резултатот е причината поради која веднаш по наптерварот од позицијата тренер е разрешен Димитриоски.

„Поради слабото и безидејно издание на нашиот тим во неколку последователни натпревари и слабите резултати, Управата на клубот му се заблагодари на соработката на тренерот Оливер Димитриоски. Во следните неколку дена ќе се донесе одлука кој ќе го води тимот во плејоф-натпреварите на македонската Суперлига“– информираат од клубот.