Македонскиот шампион по третпат е парично казнет за истата грешка. По казните во 1 и во 6 коло, Вардар е казнет и за прекршок направен во 10. коло од регуларниот дел на СЕХА-лигата.

Се работи за средбата си Нексе одиграна во Нашице на која Вардар настапи со својот втор тим.

Казна од 100 евра ќе мораат да се платат поради тоа што Вардар користеше вода која не е од официјалниот партнер на лигата, а дополнителни 400 евра ќе се дадат поради тоа што вардаровите ракометари Стефан Атанасовски и Ѓорѓи Дука, под шорцевите носеле други шорцеви кои беа со поинаква боја.

Со истиот овој противник Вардар ќе се сретне во четврт-финалето на СЕХА-лигата. Првата средба ќе се одигра на 8 март во Нашице,, а реваншот ќе се одигра во Скопје на 15 март.