На официјалниот сајт на ЕП во Австрија, Норвешка и во Шведска, предложени се по пет ракометари на секоја позиција за изборот на идеалниот тим на европското првенство, плус петмина ракометари за изборот на најдобриот поединец.

Гласањето е отворено и ќе трае се до полноќ на 25 јануари.

Гласовите на навивачите ќе учествуваат со 40 % во одлуката за Ол-стар, додека преостанатите 60 % ќе бидат од гласовите на ракометни експерти на ЕХФ.

Овие експерти ќе го одредат и ракометарот кој ќе биде прогласен за МВП на турнирот.

Инаку, од Ол-стар тимот од последното ЕП 2018 номиниран е само еден ракометар – Норвежанецот Сандер Сагосен.

 

Кандидати за Ол-стар тим на ЕП 2020:

Голмани: Роланд Миклер (Унгарија), Марин Шего (Хрватска), Алфредо Квинтана (Португалија), Гонзало Перез де Варгас (Шпанија), Торбјорн Бергеруд (Норвешка).

Леви крила: Уве Генсхајмер (Германија, Џери Толбринг (Шведска), Магнус Јондал (Норвешка), Аитор Арињо (Шпанија), Давид Мандиќ (Хрватска).

Леви бекови: Арон Палмарсон (Исланд), Никола Билик (Австрија), Сандер Сагосен (Норвешка), Владислав Кулеш (Белорусија), Патрик Лигетвари (Унгарија).

Средни бекови: Џим Готфридсон (Шведска), Игор Карачиќ (Хрватска), Деан Бомбач (Словачка), Руи Силва (Португалија), Ондреј Здрахала (Чешка).

Пикери: Магнус Гулеруд (Норвешка), Јаник Колбахер (Германија), Артем Каралек (Белорусија), Бенс Бенхиди (Унгарија), Андреас Нилсон (Шведска).

Десни бекови: Хорхе Македа (Шпанија), Јуре Доленец (Словенија), Жоао Фераз (Португалија), Лука Степанчиќ (Хрватска), Золт Балог (Унгарија).

Десни крила: Роберт Вебер (Австрија), Алеиш Гомез (Шпанија), Тимо Кастенинг (Германија), Микита Ваилупау (Белорусија), Блаж Јанц (Словенија).

Најдобар дефанзивец: Домагој Дувњак (Хрватска), Хендрик Пекелер (Германија), Павел Хорак (Чешка), Виран Морос (Шпанија), Блаж Благотиншек (Словенија).