Медиа тимот на регионалната СЕХА лига традициолно го избира идеалниот тим за месец во ова натпреварување. За месец ноември, тројца вардарци се најдоа меѓу најдобрите седум.

На десното крило се наоѓа Иван Чупиќ, за најдобар среден бек избран Сташ Скубе, додека на пивот за најдобар е избран Домен Сикошек Палко. Вториот македонски претставник Еурофарм Работник нема ракометари во иделаниот тим, откако доживеаа три последовни порази.

Покрај ракометарите на Вардар меѓу најдобрите седум се најдоа и  Тодор Јандриќ од Металопластика, Милош Грозданиќ од Војводина, Борут Мачковшек од Веспрем и Микита Ваилуау од Мешков Брест.