Македонската репрезентативка, Јована Саздовска од наредната сезона повторно ќе игра во романскиот шампионат.

Поранешната ракометарка на Металург и Вардар, последните две сезони ги мина во германски Турингер, а нејзин нов клув ќе биде Дунареа Браила од Романија. Оваа екипа престојната сезона ќе биде дел од европските купови.

Ова е втор клуб за неа во Романија, откако во минатото беше дел од тимот на Магура.