Пелистерци гостуваат во Швајцарија кај Кадетен Шафхаузен, меч ЕХФ  лигата на Европа, играат за прва победа на европската сцена.

Дуелот од втората рунда во Европската лига на ЕХФ меѓу Кадетен Шафхаузен и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.

Пренос од натпреварот од Швајцарија ќе можете да проследите на ТВ Аренаспорт 3.

Хрватскиот интернационалец Јосип  Павлетиќ најавува дека Еурофарм Пелистер може да освои бодови.

„Кадетен е најсилен на бековските позиции, сигурно дека ова ќе биде нов тежок натпревар. Сигурно и тие ќе бркаат бодови како и ние. Ние одиме да дадеме сè од себе и ако има прилика да освоиме бодови. Гледавме натпревари изминатите неколку дена, ако одиграме како што се договоривме, мислам дека нашите шанси се добри за поволен резултат“, изјави Павлетиќ.