Во сите калкулации правени деновиве, Украина ја ставаа во репрезентации без шанса, елиминирани и на пат за дома.

Но, Украинците имаат шанса, тие дури сметаат дека таа шанса е реална. Според нив, Австрија може да ја совлада Македонија, додека самите тие ќе треба да ја совладат Чешка со најмалку два гола разлика. Во тој случај, Македонија, Чешка и Украина би имале по два бода, но во следната рунда би заминала Украина. Ете, толку за калкулациите на Украина.

Украинците најмногу се надеваат на тандемот на Австрија Билик – Божовиќ и се прашуваат со што Македонија ќе може да ги сопре.

Украина со Чешка ќе играат во вечерниот термин и тогаш точно ќе знае дали има или нема шанса за следната рунда.