Неочекуван резултат на мечот меѓу отпишаната Шведска и Унгарија, победија „трите круни“ иако немаа императив за триумф.

Шведска славеше со 24-18, во натпревар на кој победата не им значи ништо, и направија услуга на Словенија која се радува на поразот на Унгарија.

Пелас и Годфидсон  со по 5 голови најефикасни кај Шведска, во тимот на Унгарија се истакна Сита со 4 голови.

Унгарија со овој пораз не ги загуби шансите, но ги намали во голема мерка за пласман во полуфиналето.