Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку одлуки, Вардар со сигурност ќе не претставува во Лигата на шампионите, за Еурофарм Пелистер ќе се бара „вајлд карта“.

Доколку не се успее во намерата, клубот од Битола ќе не претставува во Европа лигата, РФМ ќе аплицира и за Металург да добие место директно во групната фаза од ЕЛ.

Бутел Скопје ќе игра во ЕХФ лигата а квалфикации ќе играат и Тинекс Пролет и Охрид кои ќе добијат шанса доколку покажат интерес за настап во Европа..