Вардар несомнено ја има најдобрата ракометна публика во Европа, а доказ за тоа е тоа што за дуелот со Киелце поради големата заинтересираност управата на актуелниот европски ракометен шампион одлучи во продажба да пушти дополнителен контингент билети.

Тие се за сектор стоење и ќе се продаваат по 150 денари, а ќе можат да се купат онлајн или на билетарницата пред салата во скопската населба Аеродром.

Мечот меѓу Вардар и Киелце ќе се игра утре со почетоко од 17:30 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.