Нови два позитивни тестови на коронавурис се регистрирани во Еурофарм Пелистер 2, со што вкупниот број на позитивни ракометари на Ковид 19 во битолскиот ракометен суперлигаш се искачи на четири.

„Во овој момент четворица ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на коронавирус, немаат симптоми и добро се чувствуваат“, соопшти клубот.

Од клубот потенцираа дека доколку на следните тестирања на екипата, стручниот, медицинскиот и административниот тим нема нови позитивни тестови, тимот ќе се врати во тренажен процес.