РК Еурофарм Пелистер постигна договор со 23-годишниот бек Дарио Петровски и денес официјално го претстави во јавноста. Петровски е лев бек, изданок на битолската школа и во кариерата го носеше дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Тој веќе се стави на располагање на стручниот штаб и денес ќе го одработи првиот тренинг. Утре се очекува неговото деби на натпреварот против Струга во првото коло од плеј-офот (17:00 часот).

Со приклучувањето на Петровски, клубот продолжува со својот проект да им даде шанса на младите македонски ракометари. Сличен случај е потписот на Цветан Кузманоски пред две недели.