Грчки ПАОК привлечке уште еден члена на македонската женска ракометна репрезентација, откако потпиша едногодишен договор со Дајана Јовановска.

Левиот бек на Македонија, во ПАОК и се приклучи на репрезентативната колешка Марија Николиќ.

„Пресреќна што доаѓам во ПАОК, кој  е одличен клуб. Секако дека ќе ни биде цел шампионска титула во домашниот шампионат и успех на интернационална сцена. Се радувам и на соработката со навивачите за кои знам дека се фантастични“, изјави Јовановска за официјалниот сајт на ПАОК.

Јовановска претходно настапуваше за тимови од Романија, Исланд, Италија и Норвешка.