Македонската ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов добија нов предизвик на ЛОИ во Токио.

Тие се делегирани за утрешниот натпревар меѓу Франција и Германија, натпревар кој ќе започне од 14:30 а извесно е дека второто полувреме од од овој меч ќе биде со ТВ преност на МТВ 1.

Начевски и Николов по четврти пат на ЛОИ во Токио ќе судат дерби од почетокот на игрите а се очекува да бидат и за финалните пресметки за медали.