Домагој Дувњак не успеа да ја круниса одличната игра на последното ЕП со златниот медал со Хрватска, но индивидуалните награди за месец јануари се зад неговото име.

Ракометарот на Кил беше МВП на континтенталниот собир, а денеска тој доби уште едно признание од ЕХФ. Европската ракометна федерација за месец јануари без дилеми го избра Дувњак за најдобар ракометар пред Сагосен, Душебаев, Де Варгас и Ентрериос.

Дувњак имаше импресивни настапи, па сосема очекувано беше да дојде и до ова признание бидејќи едноставно беше пред другите колеги, а со селекцијата на Хрватска го освои сребрениот медал на ЕП.