Ракометари и ракометарки од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“  навиваа за Македонија и за Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.

Тие исполнија поголем дел од трибината и ја дадоа поддршката за нашите репрезентативци. После натпреварот децата имаа можност непосредно да го поздрават капитенот.

Македонија во првиот натпревар ја совлада репрезентација на Грузија со резултат 25:21. Денеска со почеток од 16 часот, исто така во „Борис Трајковски“ се игра вториот меч меѓу Македонија и Грузија.