Ракометарите на Вардар 1961 ќе го пречекаат Веспрем на 1 април а реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Унгарија.

Овае одлуката на ЕХФ за престојниот осминафинален двомеч на црвено-црните и тимот каде што настапува Дејан Манасков.

„ЕХФ заедно со клубовите учесници во осминафиналето ги одредија датумите на одигрување на натпреварите. Вардар1961 во борбата за пласман меѓу Топ-8 екипи ќе игра со Веспрем, и првиот меч е во Скопје. Според договорот првиот дуел меѓу Вардар1961 и Веспрем треба да се игра на 1 април во 18,45 часот во Сц „Јане Сандански”. Реваншот е седум дена подоцна, на 8 април во Унгарија исто така во 18,45 часот.“ – велат од Вардар 1961.