Ракометарите на ВАрдар 1961 славеа со 34:26 во контролната пресметка со градскиот ривал РК Металург во натпревар на кој отсуствуваа дел од играчите поради обврски на СП во Египет.

Вардар одигра доминантно во второто полувреме во кое успеа од 21:17 да дојде до тримф од девет разлика.

„Го искористивме периодов да одиграме една контролна средба со Металург и да видиме до каде сме со формата. Било каков натпревар е подобар и од најдобриот тренинг. Сакавме да ја разбиеме таа монотонија со тренирањето и да одиграме меч. Иако сме некомплетни со отсуство на речиси половина тим сепак и ваков натпревар ни дава слика за она то го работиме.“ – изјави Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961.

Првиот меч од СЕХА Лигата, ракометарите на Вардар 161 ќе го играат на 28 јануари во Скопје против Војводина.

ФОТО: Вардар 1961