Ракометарите на Вардар 1961 одиграа уште еден катастрофален натпревар, овојпат во СЕХА лигата на гостувањето кај Мотор, каде загубија со 30:23, иако разликата можеше да биде и многу поголема.

Украинските ракометари одлично го отворија натпреварот додека црвено-црните првиот гол го постигнаа во 11 минута. На пауза Мотор замина со предност од 13:5.

Оваа разлика ја диктираше и играта во второто полувреме во кое, домаќиние не дозволија резултатска неизвесност а вардарци покажаа низа слабости пред се во нападите.

Во следното коло од СЕХА лигата, Вардар 1961 ќе го дочека Мотор на реванш во „Јане Сандански“ на 19 март.