Ракометарите на Вардар 1961 денеска од 20:15 ќе истрчаат против Нексе во „Јане Сандански“ во натпревар од СЕХА лигата.

Тренерот на вардарци, Стевче Алушовски предупредува дека Нексе е незгоден и квалитетен противник и дека ова е шанса за првакот на Македонија да покаже дали напредувал.

Нексе е квалитетен тим, добро го анализиравме и мислам дека Вардар е подготвен за овој предизвик.“ – изјави Алушовски.

Крилото на Вардар на денешниот натпревар гледа шанса за воочување на формата на на црвено-црните.

„Пред нас е противник кој има  нов тренер и сигурно ќе има  промени во стилот на игра.  Очекувам квалитетен меч, наша работа е да ја играме наша игра, да го наметнеме својот стил.“ – изјави Дибиров

Нексе на последното гостување во Скопје против Вардар победи со 26:25.