Француските браќа Кевин и Оливие Њокас и официјално се нови ракометари на македонскиот и двократен европски шампион Вардар, потврдија од клубот.

Тие иако првично пристигнаа во Металург, сепак за многу брзо ја променија средината и најмалку сезонава ќе играат за црвено црните.

„Двајца француски нтернационалци и поранешни репрезентативци сезонава ќе играат за Вардар1961. Браќата близнаци, Кевин и Оливие Њокас потпишаа едногодишни договори со „црвено-црните” и веќе се приклучија на тренинзите. Веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата се пријавени за домашното првенство и во ЕХФ за настап во лигата на шампионите. Со ангажирањето на браќата Њокас се засилува конкуренцијата на бековската позиција во Вардар. Кевин Њокас игра на позиција на лев бек, додека Оливер игра на позицијата десен бек. Професионалната играчка кариера ја започнуваат во редовите на ПСЖ, а потекнуваат од школата на Монтгерон.“ – сооптшија од Вардар 1961.

Кевин Њокас ќе ја зголеми конкуренцијата на десната бековска позиција каде што играат Јоел Куни Моралес, Томислав Јагуриновски и Едуардо Гурбиндо, кој се очекува да замине, додека неговиот брат Оливие ќе биде нов конкурент на Филип Талески, Анте Кудуз и Бакари Диало.