Вардар сезонава има огромни проблеми со повредени ракометари, а посебно на бековските позиции. Последен во низата повредени ракометари е германскиот лев бек, Кристијан Дисингер. Тој заработи повреда на коленото и мораше да биде подложен на хируршки зафат.

Дисингер се очекува да отсуствува четири до пет месеци, а тоа би значело дека нема да биде на располагање за настап до крајот на групната фаза и првата нокаут рунда.

Германецот оваа повреда ја влече подолго време и минатата сезона требаше да биде опериран, но одлучи да ја одложи операцијата како би му помогнал на Вардар на Ф4 турнирот во Келн.