Вкупно 12 лица се позитивни на Ковид-19 во РК Вардар 1961, од нив единаесет се играчи и еден од стручниот тим, шампионот на Македонија е во ковид блокада.
Следните две недели тимот е на принудна пауза, нема тренинг и натпревари, како што стојат работите Вардар нема да има офицјален меч до крајот на оваа 2020 година.
Стевче Алушовски за „24 ракомет“ изјави дека сите позитивни се во изолација.
„Дома сме и во изолација сме. Ситуацијата не е најдобра. Имаме 11 позитивни ракометари и еден позитивен од физиотерапевтите. Последниот ракометар кој имаше позитивен тест е од денеска. На листата се приклучи и Векиќ. Според нашите прописи ќе мора да биде 14 дена во изолација,а ниту еден од позитивните не може веднаш да сe врати во тренажен процес и сигурно ќе ни треба време. Ќе биде тешко. Сакаме да направиме тест и да видиме кој од играчите може на тренинг, но во моментов ќе може да се работи само индивидуално и во теретана“, изјави тренерот на Вардар, Стевче Алушовски за 24 Ракомет
Comments are closed for this post.